20
Официјалната покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната што ја започна Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Не можеме да бидеме многу силни без покана во НАТО, која ќе ги зајакне нашите дипломатски напори за ставање крај на војната. Оваа војна ќе заврши кога рускиот претседател Владимир Путин ќе биде изолиран и другите партнери ќе го турнат во дипломатија“, рече тој.
Според Зеленски, поканата на Украина во Алијансата не само што ќе го зајакне моралот на цивилите и воениот персонал, туку ќе значи и дека нивните деца нема да исчезнат.