(ВИДЕО) Украина објави доказ? 11.000 севернокорејски војници се подготвуваат за фронтот

од Илинка Илиоска
36 прегледи

Украинската влада објави видео кое, според нивните тврдења, ги прикажува севернокорејските војници во Русија, подготвени да учествуваат во војната против Украина. Видеото е споделено од Украинскиот центар за стратешки комуникации, кој е под капата на Министерството за култура и информации. Според информациите од украински извори, во видеото се гледа како севернокорејските војници преземаат воена опрема во тренинг центарот Сергејевски на истокот на Русија.

Началникот на украинската воена разузнавачка служба, Кирило Буданов, за The War Zone изјави дека околу 11.000 севернокорејски војници се обучуваат за војна и се очекува нивното распоредување да започне на 1 ноември. Првата единица, според Буданов, ќе биде стационирана во областа Курск, каде што Украина има значајни воени активности. Воените сили од Северна Кореја ќе користат руска опрема и муниција во борбите.

Јужнокорејските и американските разузнавачки извори потврдуваат слични информации, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање истакна дека Северна Кореја не само што ја снабдува Русија со оружје, туку и со воен персонал, додавајќи дека „Северна Кореја практично влезе во војната“.

Разузнавачки извори од Јужна Кореја информираа дека Северна Кореја испратила четири бригади, вклучувајќи специјални сили, за поддршка на Русија во конфликтот. Ваквиот развој на настаните е означен како „значајна безбедносна закана“ за регионот и за меѓународната заедница.

Слични содржини