Мицкоски на земјоделците им вети субвенции од над милијарда и триста милиони денари до ноември

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во струмичко Ново Село каде беше на Костенијада 2024, повторно кажа дека состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследиле.

„Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20 000 земјоделци субвенции“, рече Мицкоски.

Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

„Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична“, рече премиерот.

Слични содржини