Божиновска: Јотова живее во фантазии од 19-тиот век, ниту еден Македонец со бугарски пасош не се чувствува како Бугарин

од Илинка Илиоска
95 прегледи

Министерката за енергетика Сања Божиновска на својот профил на Фејсбук ја коментираше изјавата на потпретседателката на Бугарија, Илина Јотова, посочувајќи дека таа живее во „свет на фантазии од 19-тиот век“. Божиновска истакна дека ниту еден македонски граѓанин кој добил бугарско државјанство, вклучувајќи ја и неа самата, не се чувствува како Бугарин.

Таа објасни дека многумина побарале бугарски пасош од економски причини за работа надвор од Македонија, а не поради некаква бугарска самосвест, додавајќи дека потписите за таквите изјави ги ставале адвокати посредници за паричен надоместок.

Божиновска ја повика Јотова, наместо со „ситни полициски подметнувања“, да се фокусира на признавањето на правата на Македонците во Бугарија како малцинство и да им обезбеди основни човекови права.

Слични содржини