(ВИДЕО) Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег.

Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите.

Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

Слични содржини