Аеродромот Данедин во Нов Зеланд предизвика вистинска бура на Интернет со воведување на контроверзно правило кое ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на само три минути. Tри минути за последен бакнеж , прегратка или солза, а ако сакате да го продолжите емотивното збогување, знакот сугерира да се преселите на паркингот.
Оваа необична забрана ја подели јавноста ширум светот. Додека некои корисници на социјалните мрежи се жалат за полицискиот час за галење, прашувајќи се дали следниот чекор ќе бидат тајмерите за ракување, други саркастично забележуваат дека е чудо што аеродромот сè уште има места за слетување, со оглед на постојано зголемувањето на трошоците и казните.
Главниот извршен директор на аеродромот, Даниел де Боно, ја бранеше одлуката во интервју за новозеландското радио RNZ, велејќи дека аеродромите се познати по тоа што се „емотивни жаришта“. Де Боно се потпира на истражување кое вели дека прегратката од 20 секунди е сè што е потребно за да се активира „изливот на хормонот на љубовта“ – окситоцинот. „Побрзо движење значи и повеќе прегратки за повеќе луѓе“, вели тој, како гушкањето да станало некој вид на брзински спортови.
За оние кои сакаат да се збогуваат, паркингот нуди бесплатни 15 минути за емотивно збогување. Де Боно признава дека неговиот „тим видел интересни работи на паркингот…со текот на годините“, што само долева масло на огнот.