Ново видео од севернокорејските војници во Русија

од Milan1
27 прегледи

Денеска на социјалните мрежи се појавија нови видеа на кои се гледаат севернокорејски војници кои дошле на обука во Русија. Како што објави „Киев пост“, на видеото се гледа пристигнувањето на севернокорејските војници во руската воена база Сергеевка, на Далечниот исток, која се наоѓа на околу 200 километри од границата со Северна Кореја.

– Пристигнаа сојузници од Северна Кореја. Се надеваме дека ова ќе стави крај на војната, вели лицето кое го снима видеото на јакутски јазик.

Според информациите од социјалните мрежи, Севернокорејците се од 127 моторизирана дивизија.

Јужна Кореја најави дека го разгледува планот за испраќање воен и разузнавачки персонал во Украина, како одговор на вмешаноста на единици од Северна Кореја во војната на страната на Русија. Според јужнокорејското разузнавање, Пјонгјанг испратил околу 1.500 воен персонал во Русија за да учествуваат во непријателствата во Украина на страната на руските вооружени сили. Севкупно, според разузнавачите, Северна Кореја се подготвува да испрати околу 12.000 свои војници во Руската Федерација.

Слични содржини