Едно лице починало, а 10 се отруле откако јаделе во „Мекдоналдс“ во САД

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Труење со храна поврзано со појава на ешерихија коли во хамбургерите на Мекдоналдс заврши со едно починато лице, а десетици хоспитализирани.

Труењето, кое започнало во септември, се проширило во десет американски држави со најмалку 49 пријавени инфекции, објави американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ).

„Епидемиолошките податоци покажуваат дека хамбургерите кои се служат во Мекдоналдс се загадени со ешерихија коли и предизвикуваат гадење“, велат од ЦДЦ, според CNBC.

Најголем број случаи се концентрирани во Колорадо и Небраска. Други држави со случаи вклучуваат Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг. Според ЦДЦ, десет лица биле хоспитализирани – вклучително и едно дете со сериозни компликации на бубрезите.

Сите интервјуирани луѓе за инфекциите рекоа дека јаделе во Мекдоналдс пред да се разболат. Повеќето од нив го спомнаа јадењето на популарниот хамбургер „Royal Cheese“, кој во САД се нарекува „Quarter Pounder“. Се верува дека инфекцијата е поврзана со кромидот во нив. Компанијата ја повлече спорната дистрибуција на хамбургери и кромид.

Цената на акциите на Мекдоналдс падна за повеќе од шест отсто по веста, а најверојатно ќе следат и повеќемилионски тужби.

Слични содржини