Утре без струја делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Шуто Оризари

од Milan1
164 прегледи

РЦУК – Скопје соопшти дека поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Од 08:00 до 15:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од дел од ул.Тодор Чангов во Аеродром, од 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани, од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 во Ѓорче Петров, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ и Пушкинова во Аеродром), од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улиците Даме Груев и Мито Хаџивасилев Јасмин во Центар, како и од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари.

Слични содржини