(ВИДЕО) Терористички напад во Турција, има загинати и повредени

од Milan1
49 прегледи

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАС, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата „ИХА“.

„Се случи експлозија во производниот погон ТУСАС во Анкара, во областа Кахраманказан. Се слушнаа и истрели“, се вели во соопштението.

Шефот на турското Министерство за внатрешни работи изјави дека има загинати и повредени. Инцидентот беше окарактеризиран како терористички напад.

Престрелката продолжува, јавија турските медиуми. На терен се бројни полициски екипи.

Слични содржини