Децата на Диди: Ние стоиме обединети, те поддржуваме во секој чекор

од Milan1
54 прегледи

Раперот Шон Комбс, познат како Диди е во притвор повеќе од еден месец и се соочува со бројни обвиненија, вклучувајќи силување, трговија со луѓе, рекет и друго. Обвинителите најавија дека повеќе од стотина наводни жртви на раперот се подготвени да сведочат против него, а судењето е закажано да започне на 5 мај следната година.

Шест од седумте деца на Диди објавија заедничка изјава на социјалните мрежи во оваа прилика, поддржувајќи го својот татко.

„Изминатиот месец ни го уништи семејството. Многумина судеа и за него и за нас врз основа на обвинувања, теории на заговор и лажни наративи кои доведоа до апсурд на социјалните мрежи. Ние стоиме обединети, те поддржуваме во секој чекор од патот. Се држиме до вистината, знаејќи дека таа ќе победи и ништо нема да ја скрши силата на нашето семејство. Ни недостасуваш и те сакаме тато“, напишаа тие на Инстаграм.

Инаку, оваа објава доаѓа два дена откако против Диди беа поднесени уште седум тужби. Имено, четворица мажи и три жени поднеле тужба до Окружниот суд на Менхетен за тежок сексуален напад, злоупотреба и сексуална експлоатација во периодот меѓу 2000 и 2022 година.

Слични содржини