Кока-Кола ќе повлече 28 милиони пластични шишиња поради можноста тие да содржат метални честички

од Milan1
25 прегледи

Кока-Кола ќе повлече 28 милиони пластични шишиња од половина литар во Австрија поради можноста тие да содржат метални честички поради грешка во производството, објавија светските медиуми.

Глобалниот гигант за пијалоци ги отповика шишињата од австрискиот пазар со известување кое влијаеше на популарните пијалоци како што се Кока-Кола, Фанта, Спрајт. Кока-Кола вели дека „техничка грешка” во производството довела до скршен филтер, што предизвикало контаминација на металот. Според извештаите на локалните медиуми, се работи за „неисправно сито”.

Ова е најголемото повлекување на производи во Австрија во последните 25 години, соопшти портпаролот на агенцијата за пазар во Виена, Александер Хенгл.

Од компанијата истакнаа дека не сите шишиња од овој период биле продадени. Многу од нив сè уште се во компанијата или во малопродажните складишта, додаде портпаролот.

Слични содржини