Продолжува картелската војна во Мексико, убиени се 16 лица

од Milan1
17 прегледи

Пукање меѓу две конфликтни криминални групи во мексиканската држава Гереро вчера остави 16 мртви, соопштија властите. Вчера наутро околу 5 часот, завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, која во последните години стана бојно поле.

Локалната полиција беше затекната во нападот, двајца полицајци беа убиени, а четворица повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Ранетите се во стабилна состојба по укажаната помош, јавува „Ројтерс“.

На нападот одговори и блиската база на Националната гарда, а тројца воени офицери беа ранети, соопшти Министерството. За 14 загинати се претпоставува дека се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.

Слични содржини