Маск беше запрашан дали ќе купи ривал: „Ќе им биде многу тешко“

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Tesla и Rivian се двете најголеми американски компании посветени исклучиво на производство на електрични автомобили – но само една заработува пари.

Покрај Ford, всушност, Tesla е единствениот производител на автомобили кој никогаш не прогласил банкрот, што често со задоволство го нагласува првиот човек на оваа компанија, Илон Маск. Но, што е со Rivian?

Последните пет години беа многу тешки за Rivian, особено поради одложувањето на производните процеси во 2020 година поради проблеми поврзани со коронавирусот и прекинатите синџири на снабдување.

Работите не изгледаат многу подобро денес, бидејќи тие сè уште работат со загуба – приближно, тие губат околу 33.000 долари за секое возило што го продаваат.

Говорејќи во Филаделфија на митингот за поддршка на претседателскиот кандидат Доналд Трамп, Маск беше запрашан зошто Tesla никогаш не размислувалa да го купи Rivian.

„Им посакувам се најдобро, се надевам дека ќе поминат добро. Ова е тешка индустрија и само две автомобилски компании во САД не банкротирале. На Rivian ќе му биде тешко. Мислам дека немаше да успееме доколку не ги решивме проблемите со електрификацијата и автономијата на возилата“, изјави Маск.

Се чини дека, барем засега, ништо нема од купувањето на Rivian од страна на Tesla, што не е изненадувачки со оглед на тоа што истражувањето објавено од Consumer Reports покажува дека моментално Rivian е меѓу најмалку доверливите брендови.

Слични содржини