Портпаролот на израелската армија: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел ќе платат висока цена

од Milan1
15 прегледи

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

– Ако режимот во Иран направи грешка да почне нова рунда на ескалација – ние ќе бидеме обврзани да одговориме, рече Хагари утрово.

– Нашата порака е јасна: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација, ќе платат висока цена, нагласи тој.

– Денеска покажавме дека имаме и способност и решителност да дејствуваме решително и сме подготвени во напад и одбрана да ја браниме државата Израел и народот на Израел, продолжи Хагари.

Хагари рече дека нападите врз воени цели во Иран ги спречиле непосредните закани за Израел.

Слични содржини