216
Малолетни деца го начекале својот 70-годишен дедо со повреди на главата во Куманово.
Внуците пред полицијата раскажале дека тропале на вратата, но нивниот дедо не им отворил. Кога се посомневале дека нешто не е во ред ја разбиле и влегле во домот.
Го начекале човекот со повреда на главата.
– Тој бил донесен во кумановската болница, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.
Од полицијата велат и дека преземаат мерки за расчистување на случајот.