Предвремено родени бебиња примиле млеко со алкохол наместо со вода, скандал во Кипар

од Milan1
24 прегледи

Скандал со 7 бебиња во болница, од кои едно почина, во неделата го потресе Северен Кипар, ден откако здравствените власти официјално ја потврдија трагедијата. Во тек е полициска истрага, уапсени се 5 лица.

Кобната несреќа се случила на одделението за интензивна нега за лекување на новороденчиња во ургентната болница во северниот дел на Никозија, а биле погодени предвремено родени бебиња, јавија тамошните медиуми.

Според првичните информации објавени во медиумите на кипарските Турци, причина за истовременото влошување на состојбата на 7 доенчиња е тоа што медицинска сестра случајно им го подготвила млекото за хранење наместо со вода со чист алкохол.

Како резултат на тоа, во саботата наутро починало девојче старо 20 дена кое било во инкубатор. Сепак, подоцна беше објавено дека неговата смрт не е поради „адаптирано млеко со алкохол“, но не беа дадени дополнителни детали. Тие се очекуваат денеска, откако ќе биде извршена неговата обдукција.

Здравствената состојба на останатите 6 бебиња се подобрува според последните официјални информации.

Јавноста и опозициските политичари остро ги критикуваа здравствените власти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го прикријат инцидентот и дека немаат соодветна контрола во болницата, барајќи оставка од одговорните за трагедијата.

Слични содржини