НАСА истражува необичен облак, секогаш се формира на исто место

од Milan1
31 прегледи

Сателитската снимка споделена од вселенската агенција НАСА, направена на 7 септември, покажува необичен, долгнавест облак лоциран покрај карпест планински масив. Оваа чудна формација на облаци често се појавува на истото место, што ги натерало локалните жители да го наречат „Миленикот на Таиери“.

Иако звучи како научна фантастика, постои разумно објаснување: необичниот облак е алтокумулусен стационарен лентикуларен облак (АСЛЦ), според класификацијата на НАСА, кој се формира кога ветровите ќе наидат на стрмна пречка како планински масив. Ветерот потоа се крева создавајќи бран во кој воздухот на врвот на бранот се лади доволно за да формира водена пареа која се кондензира во облаци.

– Додека облакот се формира на врвот на овој бран, тој останува речиси неподвижен на небото и е обликуван од силни ветрови што дуваат низ него, објаснува метеорологот Џон Ло од Нов Зеланд.

Другите АСЛЦ облаци можат да добијат уште поневообичаени форми, појавувајќи се како голем број наредени дискови или тесни чинии кои досегаат високо до небото.

Дури и „Миленикот на Таиери“, кога се гледа отстрана, изгледа како повеќе слоеви наредени облаци кои достигнуваат стотици метри во висина, давајќи му уште повпечатлив изглед налик на НЛО.

– Она што е уникатно за овие облаци е тоа што тие се многу динамични, и како што секое поединечно парче воздух поминува низ циклус на ладење и кондензација, загревање и испарување, облакот визуелно изгледа како да стои в место – објаснува Карл Филипоф, набљудувач на временски услови.

Со своите изразено остри рабови, „Миленикот на Таиери“ е всушност резултат на многу моќни сили во околината.

– Појавата на облакот е одличен показател за силни ветрови во горниот дел од атмосферата – објаснил Ло.

Не е изненадување што летањето во близина на овој облак може да биде опасно и да резултира со сериозни турбуленции, предупредува НАСА.

Слични содржини