Малолетникот кој го уби полицаецот Озрен Маран и го рани неговиот колега Авдо Хасановиќ во полициската станица во Босанска Крупа, со вахабистичкото движење го запознал неговиот вујко Исмет Седиќ, неофицијално потврдија од ФУП.
Она што е интересно е што неговиот вујко е вработен во општина Босанска Крупа, пишува Аваз.
Социјални мрежи
Од ФУП веќе имаа информации дека Исмет Седиќ е припадник на вахабистичкото движење, но немаа никакви информации за евентуално извршување на кривично дело, па претходно немаше реакција.
Неговиот вујко не е уапсен и се уште не се знае дали тој имал некаква улога во овој чин, но според тврдењата на ФУП тој е главниот виновник за приближувањето на момчето до контроверзни луѓе.
Претходно, адвокатот на Исмет Седиќ, Амел Шабиќ, се обрати до медиумите и рече дека Исмет Седиќ не бил доведен во никаква врска со вахабистичкото движење, ниту пак бил предмет на истраги од полициските агенции.
Кобната ноќ, малолетниот убиец се допишувал со своите пријатели на социјалните мрежи каде ги напишал причините зошто прави се.
– Еве ја мојата причина за нападот на полицијата: поддршка на ционистите, желба за ЕУ, убивање на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ. Не ми пишувај повеќе, освен ако не сакаш полиција на врат – му напишала малолетничката на познаник.
Комплетната истрага за терористичкиот напад во Босанска Крупа ја презеде СИПА, а им помагаат и други полициски агенции.
Доказ
Според информациите на СИПА и Обвинителството на БиХ, седум лица се уапсени во областа на Унско-санскиот кантон, кои се поврзани со терористичкиот напад во Босанска Крупа. Во моментов се истражува нивната поврзаност со терористичкиот напад што се случи на 24 октомври.
Заедно со апсењата, извршени се и претреси и одземени се предмети и доказни материјали кои може да бидат корисни за истрагата.
Погребот на полицаецот
Во саботата полицаецот Озрен Маран беше погребан во населбата Јабланица во Босански Нови. Стотици колеги, пријатели и семејства го испратија во вечниот одмор. Ги остави сопругата, синот и ќерката. На денот на погребот, градоначалникот на Босански Нови, Мирослав Дрљача, прогласи Ден на жалост.