„Вашингтон пост“ изгуби над 200.000 претплатници по одлуката да не поддржи претседателски кандидат

од Илинка Илиоска
8 прегледи

Американскиот весник „Вашингтон пост“ откако одлучи да не поддржи ниту еден претседателски кандидат повеќе од 200.000 читатели ја прекинале дигиталната претплата.

Голем број читатели ја критикуваа одлуката на сопственикот на „Вашингтон пост“ и основач на компанијата „Амазон“, Џеф Безос да не ја поддржи потпретседателката Камала Харис на претстојните претседателски избори.

По одлуката на Безос, весникот се соочи и со серија оставки од уредниците.

Извршниот директор и издавач Вил Луис минатата недела изјави дека одлуката да не се поддржат кандидатите во овогодишната претседателска трка и на идните избори е враќање на корените на „Вашингтон пост“. Весникот со години беше дефиниран како „независен весник“.

Слични содржини