Паднаа Фејсбук и Инстаграм

од Milan1
19 прегледи

Корисниците ширум светот пријавуваат проблем со услугите на Мета –
фејсбук, Месинџер и Инстаграм.

Проблеми со користењето на овие социјални мрежи, пријавиле луѓе низ Европа, Северна Америка и Азија. Корисниците пријавиле неможност да објавуваат содржини на Инстаграм, а на страната на компанијата „Мета“ се гледа дека имало нарушување при работењето на „Алатката за објавување“.

Сајтот, кој ја следи состојбата и стабилноста на интернет-страниците, покажа проблеми со работата на два социјални тома во последниот час.

Корисниците кои пријавуваат проблеми доаѓаат од речиси сите делови на светот, вклучувајќи ги САД, Австралија и делови од Европа и Азија.

Слични содржини