Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов кој изминатите денови најави дека ќе излезе од ЗЕЛС, во гостувањето на „Топ Tема” на ТВ Телма, изјави дека сепак останува во оваа организација.
Костадинов истакна дека ја цени посветеноста на ЗЕЛС за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив како и оној со водата во Струмица, посочувајќи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно, поради потребното гласање во локалниот совет, а и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС во делот на издавање градежни дозволи и продажба на земјиште.
– Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или било кој друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен за да пристапат централните органи за надминување на состојбата, изјави Костадинов.