Планината Фуџи без снег за прв пат по 130 години

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Сè уште не паднал снег на највисоката јапонска планина Фуџи, што е првпат откако почна да се води евиденција пред 130 години.

На врвовите на Фуџи вообичаено снег паѓа на почетокот на октомври, но невообичаено топлото време значи дека оваа година снежни врнежи немало до крајот на октомври, јавува Би-Би-Си.

Минатата година снег беше забележан на врвот Фуџи на 5 октомври.

Јапонија го имаше најжешкото лето забележано оваа година, со температури меѓу јуни и август 1,76 степени над просекот.

Речиси 1.500 области во септември имаа она што Јапонското метеоролошко друштво ги карактеризираше како „екстремно топли“ денови, кога температурите достигнуваа или надминаа 35 степени.

Во октомври температурите не беа толку високи, но сепак беа натпросечни.

Во претходните 130 години на Фуџи паѓал снег најдоцна на 26 октомври, што се случи во 1955 и 2016 година.

Планината Фуџи, југозападно од Токио, е највисока во Јапонија со 3.776 метри. Вулканот на неговиот врв последен пат еруптирал пред нешто повеќе од 300 години.

Слични содржини