Хамас: Договор што не води до израелско повлекување од Газа е неприфатлив

од Milan1
17 прегледи

Хамас не би прифатил договор кој не води кон траен прекин на огнот и целосно повлекување на Израел од Газа, изјави денеска член на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад.

Тој во изјава за Си-ен-ен додаде дека предлогот за кој моментално се дискутира не е прифатлив.

„Позицијата на Хамас е дека документот од 2 јули е основата прифатена од посредниците и ние не прифаќаме никаков договор што го игнорира прашањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување“, рече Гази Хамад.

Тој се осврна на одговорот на Хамас на предлогот на американскиот претседател Џозеф Бајден во мај, кој повикува на прекин на огнот во Газа и израелско повлекување.

„Она што во моментов се нуди е делумно и недоволно и не ги исполнува барањата на Хамас“, додаде претставникот на Хамас.

Слични содржини