Претепан вработен во „Градски паркинг“, поставил блокатор на возило со хрватски национални ознаки

од Milan1
71 прегледи

– На 30 октомври 2024 година, околу 15.07 часот, во СВР Скопје било пријавено дека вработен во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ бил физички нападнат на паркинг простор во општина Аеродром. Инцидентот се случил околу 14.30 часот, кога вработениот, 58-годишниот М.Т. од Скопје, поставил блокатор на патничко возило со хрватски национални ознаки, по што бил нападнат од едно лице, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите поврзани со инцидентот.

Слични содржини