Обвинителството веќе проверува дали е лажен сертификатот на Христовски

од Milan1
31 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје отвора предистражна постапка за ТОЕФЛ сертификатот за познавање на англискиот јазик издаден од училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, Бугарија, а кој го употреби Бојан Христовски за да ги исполни условите и потоа да биде именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.

Кусиот одговор од Јавното обвинителство на прашањето на „360 степени“, гласи дека „до Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, по која ќе се постапува“.

Слични содржини