Пред три години, Ентони Хувер се разбудил во болница во Кентаки откако му ги избричиле градите, го капеле во хируршки раствор и планирале да му вадат органи.
Хувер имал 33 години и бил хоспитализиран по предозирање. Имаше оштетување на мозокот, немаше рефлекси, а очите му беа празни. Болницата соопшти дека тој бил мозочно мртов и планирале да го симнат од апарати за одржување, пишува Си-Ен-Ен.
Тој беше регистриран како донатор на органи, а Филијалата на донатори на органи во Кентаки (KODA), сега позната како „Hope Network“, му кажа на неговото семејство дека неговите органи можат да спасат многу животи.
Само два часа откако бил однесен во операциона сала, неговото семејство добило известување од докторот дека е буден. Еден од полицајците кој бил сведок на инцидентот изјавил дека станува збор за вистинска драма, бидејќи човекот одмавнувал со главата и удирал по масата …
Во исто време, се појавија вознемирувачки детали за неговиот случај – вклучително и наводи за притисок да му се одберат органите и покрај знаците дека е свесен и дава отпор.
Лекарите рекоа и дека тој никогаш нема да закрепне, но за среќа се опорави толку многу што дури и ја водеше сестра си по патека на свадбата во мај 2023 година.