ChatGPT сега пребарува на интернет: Што значи тоа за корисниците?

од Илинка Илиоска
115 прегледи

„OpenAI“ го претстави новиот пребарувач на „ChatGPT“, ставајќи го во конкуренција со „Google“ и „Bing“. Оваа функција им овозможува на корисниците ажурирани одговори со линкови од интернет, вклучувајќи спортски резултати и вести. Прототипот „SearchGPT“, кој беше тест-верзија во јули за 10.000 корисници, сега е интегриран како напредна опција за пребарување.

Корисниците можат да бираат помеѓу автоматски препораки и рачно пребарување, со можност за преглед на изворите. „OpenAI“ планира дополнителни подобрувања за области како купување и патување. Оваа функционалност сега е достапна за корисниците на „ChatGPT Plus“ и „Team“, додека бесплатните корисници ќе треба да почекаат.

Слични содржини