Пешачко здружение Fuss E.V. ги повикува надлежните да дозволат пешаците да го поминуваат коловозот и кога на семафорот е црвено светло.
– Ако се чувствувате безбедно, погледнете и поминете. Ако сакате да се потпрете на зеленото, можете да почекате како порано – предлага портпаролот на Fuss, Роланд Стимпел во „Рајнише Пост“.
Здружението се повикува на состојбата во сообраќајот што возачите веќе ја користат. Имено, со помошната зелена стрелка на некои семафори можете да свртите кога семафорот е црвено. Стимпел сака да ја копира постапката за пешачки семафори. За Стимпел, предуслов за ваква зелена стрелка за слободно движење на пешачкиот премин е добар преглед на тротоарот. Идејата е интересна, но и радикална бидејќи многу зависи од чувството и видот на пешаците.
Можеме да посочиме еден позитивен аргумент за ваквата одлука, полесен сообраќај за пешаците, но и речиси безброј потенцијално опасни: лица со оштетен вид, постари граѓани, невнимателни млади граѓани со мобилни телефони во рацете…