Со голем аплауз беше дочекана изјавата на Мартина Перез, директорка на цивилната заштита на Валенсија, дека по 72 часа кои ги поминала заробена во сопствениот автомобил по катастрофалната поплава во Шпанија, спасена е жена.
Нејзиниот автомобил бил еден од многуте што ги однел поројот, пишува Гардијан, и завршил закопан под бројни други возила во провинцијата Бенетусер.
Припадниците на итната спасувачка служба се движеле во близина и слушнале извици „Докторе, докторе!“ и се упатиле кон изворот на повикот за помош. Со часови морале да ги преместуваат другите возила и нередот и шутот создаден од поплавата за конечно да стигнат до жената која, за среќа, преживеала.
Спасувачите и дале прва помош на лице место, а потоа ја испратиле во болница. Фактот дека таа преживеа и беше спасена беше опишан како чудо.
Се проценува дека во поплавите во Шпанија досега загинале најмалку 217 лица, додека бројот на исчезнати во моментов може само да се претпоставува.