Совет за безбедност: Нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот

од Milan1
27 прегледи

Денес се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност во Кабинетот на Претседателката, со Гордана Сиљановска Давкова на чело. Присутни беа членовите на Советот: Африм Гаши, Христијан Мицкоски, Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На покана на Сиљановска Давкова, учествуваа и генерал-мајор Сашко Лафчиски, Габриела Јаковлева и Бојан Христовски. Советот констатираше дека безбедноста во земјата е стабилна, со редовно следење на состојбите од надлежните институции.

Според него, нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.

Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.

Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.

Слични содржини