Украинскиот министер за одбрана: Армијата се вклучи во борба со севернокорејските сили

од Milan1
34 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска ги потврди извештаите дека украинската армија се вклучила во борба со севернокорејските сили за прв пат откако Пјонгјанг ги испрати своите сили да и помогне на Русија.

Во интервју за јужнокорејските медиуми, Умеров изјавил дека имало „мали судири“ меѓу вооружените сили на Украина и севернокорејските војници, но не навел други детали, пишува бриселскиот портал „Политико“.

На прашањето дали тоа значи дека Северна Кореја официјално влезе во војната, Умеров одговори потврдно.

„Мислам дека е така. Тоа беше конфликт. Очекуваме уште конфликти во наредните недели“, додаде тој.

Повеќе од 10.000 севернокорејски војници сега се во регионот Курск за да помогнат во инвазијата на Москва на Украина, соопшти денеска Пентагон.

Слични содржини