Државен и здравствен инспекторат: Нема пропусти во лекувањето на бебето од Струмица

од Milan1
12 прегледи

Не се утврдени пропусти при лекувањето на бебето старо осум дена кое почина на Детската клинка, а било донесено од Струмица, утврдил вонредниот инспекциски надзор на Државниот и здравствен инспекторат.

„Бебето било родено во струмичката болница и пуштено дома во добра здравствена состојба, по осум дена родителите го донеле во болницата во Струмица во фебрилна состојба, според тамошните доктори, пружена му била нега, но по неколку дена, поради неговата состојба со медицински транспорт било препратено на Детската клиника во Скопје, каде почина во петокот“, велат од ДЗСИ.

Од Здравствениот инспекторат велат дека вонреден надзор бил направен и во Детската клиника и во струмичката болница, но и кај матичниот гинеколог на мајката. Бебето, според лекарите од Детската клиника, било донесено во критична состојба и со тешка сепса.

Слични содржини