Трговскиот суфицит на Германија во септември падна на 17 милијарди евра

од Milan1
173 прегледи

Трговскиот суфицит на Германија се намали во септември од 21,4 милијарди евра во август на 17 милијарди евра, објави германската Федерална статистичка служба (Дестатис).

Сезонската и календарски приспособената вредност на германскиот извоз во септември изнесува 128,2 милијарди евра, што е за 1,7 отсто помалку во споредба со август и 0,2 отсто помалку во однос на септември 2023 година.

Месечните испораки на германска стока во земјите од Европската унија се намалени за 1,6 отсто, извозот во Кина за 3,7 отсто, а извозот во Велика Британија за 4,9 отсто.

Спротивно на тоа, извозот во Соединетите Американски Држави се зголеми месечно за 4,8 отсто, како и извозот во Русија за 3,6 отсто.

Вредноста на германскиот увоз во септември изнесува 111,3 милијарди евра, што е за 2,1 отсто повеќе во однос на август и 1,3 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, пренесува Танјуг.

Увозот од земјите на Европската унија се зголеми месечно за 1,6 отсто, исто како и увозот од земјите кои не се членки на ЕУ за 2,6 отсто, особено од Кина за 5,6 отсто и од Русија за 20,1 отсто.

Трговскиот суфицит на Германија за првите девет месеци од 2024 година изнесува 186,9 милијарди евра, според веб-страницата Дестатис.

Слични содржини