Валенсија по поплавите: 78 лица сè уште исчезнати, бројот на жртви достигна 219

од Илинка Илиоска
5 прегледи

Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.

Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.

Невремето продолжува, така што синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка.

Слични содржини