Протестен марш во Вашингтон? 50.000 луѓе, вклучително и ЛГБТ заедницата, ќе се спротивстават на Трамп пред инаугурацијата

од Илинка Илиоска
367 прегледи

Десетици илјади противници на Доналд Трамп ќе организираат протестен митинг на 18 јануари во Вашингтон, два дена пред неговата инаугурација.

Протестот ќе се одржи под слоганот „Народен марш на Вашингтон“ со цел да се изрази незадоволство од најавените политички приоритети на Трамп, кои според организаторите ќе ги поткопа правата на жените, имигрантите, ЛГБТК плус заедницата и расните и верски малцинства.

Организатори на протестниот марш се водечките организации за граѓански права, расни права и репродуктивно здравје. Тие проценуваат дека на маршот ќе присуствуваат 50.000 луѓе.

Слични содржини