Популарноста на Dacia Duster не е резервирана само за земјите од поранешниот источен блок. Овој модел се етаблира и во Западна Европа. Затоа, не е изненадувачки што Car Point Performance подготвува тјунинг на компактен SUV.
За почеток беа објавени илустрациите, а тоа е голема визуелна надградба на постоечкиот модел, со додавање на спојлер, пластични прагови, поголеми пластични рамки на браниците, нови бандажи, па дури и симулација на доводот на воздух на хаубата.
Се разбира, двете издувни цевки одзади се неизбежни. Што се однесува до моторот, нема да има штимање. Сè останува исто, така што агресијата ќе остане претежно површна, бидејќи со стартниот мотор со 100 КС нема брзање (а подобро е така), а истото важи и за бензинскиот мотор со 130 КС и за хибридот со 140 КС. .