(ФОТО) Загадување видливо од Вселената, погледнете како изгледа животот во смог

од Milan1
54 прегледи

Рекордните нивоа на густ, токсичен смог кој се надви над Источен Пакистан и Северна Индија се толку високи што може да се видат од Вселената.

Огромен облак од сив смог ја покрива пакистанската провинција Пенџаб и се протега на исток до Индија, над главниот град Њу Делхи и пошироко, покажуваат сателитски снимки на НАСА ворлдвју.

Загадувањето ги принуди властите во Пакистан да ги затворат училиштата и јавните места бидејќи токсичниот смог го загрозува здравјето на десетици милиони луѓе.

Сликите од пакистанските градови Лахоре и Мултан од овој викенд покажуваат темна магла што ги голта улиците, а зградите ги прави невидливи.

Загадувањето во регионот расте секоја зима, кога застрашувачка жолта магла го покрива небото поради комбинација на палењето на земјоделскиот отпад, електраните на јаглен, сообраќајот и бројните денови без ветер.

Слични содржини