96
– Вчера во 16.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Фазaнерија 2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар, информираат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.