47
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
– На 12.07.2024 на крстосница на ул.„Прилепски бранители“ и бул.„Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди, информираат од МВР.