Бројот на шумските африкански слонови се намалил за 90 проценти

од Milan1
18 прегледи

Бројот на шумските африкански слонови се намалил во просек за 90 отсто, додека популацијата на слонови во савана претрпела пад од 70 отсто. Кога ќе се спојат податоците, низ Африка има 77 отсто помалку слонови од двата вида отколку пред нешто повеќе од половина век.

Главниот виновник, секако, е човекот – ловокрадците, уништувањето на природното живеалиште и убиствата од одмазда за уништување на посевите. Мажјаците сè уште се мета поради нивните заби.

Лидерот на студијата, професорот Џорџ Витмајер, вели дека иако стадата се опоравиле и зајакнале во некои области, целокупната приказна за бројот на слоновите не е позитивна.

„Ова истражување го покажува целокупниот размер на намалување на населението и колку е распространет низ целиот континент. Тоа фрла нова светлина за тоа колку брзо може да исчезне нешто толку големо и забележливо како слоновите“, истакнува Витемјер.

Се проценува дека во Африка живеат околу 415.000 слонови, а пред еден век имало меѓу три и пет милиони.

Новото истражување, објавено во Зборникот на Националната академија на науките, обедини податоци за анализа од 475 локации во 37 африкански земји помеѓу 1964 и 2016 година.

Драстичен пад е забележан кај повеќето популации во период од 53 години.

Од 150 локации на шумски слонови, пад е забележан кај 140, додека на 235 од 325 локации на савански слонови е забележано намалување на бројот на слонови.

Во завојуваниот регион Сахел во Северна Африка, популацијата на слонови претрпе катастрофа.

Слоновите во регионите на Источна и Централна Африка особено настрадаа, најмногу поради ловокрадците, но и поради зголемувањето на бројот на луѓе и последователно уништување на нивните живеалишта.

„Слоновите во Демократска Република Конго, Кенија, Судан и Танзанија забележаа пад на бројките“, рече Витемиер.

Дури и властите во Кенија убиваат слонови – помеѓу 50 и 120 секоја година.

Меѓутоа, во некои делови на континентот, популацијата на африканските слонови остана на исто ниво, па дури и забележа раст.

Бројот на слонови од двата вида е зголемен во јужна Африка, особено во Боцвана, каде што се соодветно заштитени.

Националниот парк Пенгјари во Бенин е редок пример каде популацијата на шумски слонови е зголемена.

Слични содржини