НАТО и ЕУ ја убедуваат Кина да ја спречи Северна Кореја да испраќа војници во Украина

од Milan1
25 прегледи

НАТО и Европската унија ги засилија напорите да ја убедат Кина да влијае врз Северна Кореја да престане да испраќа војници и друга поддршка за Русија за нејзината војна против Украина, наведува „Асошиејтед прес“.

Според проценките на американските, јужнокорејските и украинските разузнавачи, до 12.000 севернокорејски војници се испратени во рускиот пограничен регион Курск за да и помогнат на Русија во борбата против украинските сили. НАТО тврди дека Русија за возврат испраќа ракетна технологија во Северна Кореја.

За време на денешната посета на Летонија, генералниот секретар на НАТО Марк Руте предупреди дека размената на ракетна технологија претставува „директна закана, не само за Европа, туку и за Јапонија, Јужна Кореја и САД“. Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд сега редовно присуствуваат на состаноците на НАТО.

Слични содржини