Рустем Умеров: Украина нема да се откаже од борбата за враќање на сите територии окупирани од Русија

од Milan1
45 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Украина нема да се откаже од борбата за враќање на сите територии окупирани од Русија во изминатата деценија.

„Територијалниот интегритет е дел од нашите вредности“, истакна тој на прес-конференција со норвешкиот министер за одбрана во Осло.

Умеров нагласи дека сите жители на окупираните територии го чекаат ослободувањето и ги отфрли тврдењата за промена на приоритетите на Украина како дел од руската пропаганда.

Слични содржини