Полска подигна борбени авиони поради големиот руски напад во Украина

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Полската војска денеска објави дека ги подигнала своите ловци и ги мобилизирала сите расположливи сили и ресурси за да ја заштити својата територија за време на големиот руски ракетен и беспилотен напад врз соседна Украина.

„Поради масовниот напад на Руската Федерација, која врши напади со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала врз објекти лоцирани на западот на Украина, во нашиот воздушен простор започнаа операциите на полските и сојузничките авиони“, напиша Централната полска команда на мрежата X.

Таа додаде дека целта на тие мерки е да се обезбеди безбедност на делови од земјата во близина на украинските зони кои се под закана.

Во Украина, министерот за енергетика Герман Галушченко преку Телеграм напиша дека е во тек „голем напад врз електричниот систем на земјата“, како и дека руските сили ги напаѓаат „производството и преносните капацитети на електрична енергија низ Украина“.

Слични содржини