Полициската управа на Мурска Собота во Словенија денеска соопшти дека мал спортски авион Цесна се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, при што загинале три лица.
Cessna 172, reg. S5-DLM, napravljena 1975. godine, danas se srušila u zoni Prekmurja u Sloveniji. U nesreći je stradalo 3 osobe.😢🙏✈️ pic.twitter.com/gFkPEh8GfD
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) November 17, 2024
Словенечката агенција, повикувајќи се на пишувањето на локалниот портал Соботаинфо, наведува дека малиот авион се урнал во близина на селото Ганчани во североисточниот дел на Прекомурје.
Од полициската управа велат дека околу пладне биле известени за несреќата. Медиумите јавуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едното не се качило во него. Авионот се урнал во близина на фудбалското игралиште Ганчани во Белтинци.
#AccidenteAéreo mortal de #Cessna172 (S5-DLM) del “Letalski Center Maribor” en #Gančani #Eslovenia 🇸🇮. Los 4 pax murieron. Despegaron de #Maribor (MBX/LJMB). Su destino eraMurska Sobota (LJMS). La predicción meteorológica daba engelamiento y poca visibilidad. 4 muertos. 17-11-24 pic.twitter.com/oeVTpwFw16
— Iván Castro Palacios (@ivancp25) November 17, 2024
Наводно сите тројца биле жители на Прекомурје, и летот требало да биде роденденски подарок на еден од нив. Авионот полетал од Марибор, но наишол на густа магла, што е можна причина за падот на авионот.