„Рибата весло“ или „рибата на судниот ден“, како што многумина ја нарекуваат, многу ретко може да се види, но ова е веќе втора што испливува на брегот на Калифорнија оваа година.
„Минатата недела, на плажата Грандвју во Енсинитас исплива ваква риба. Ова суштество е малку помало од она што беше пронајдено во Ла Јола овој август, со димензии приближно 2,7 до 3 метри“, објави веб-страницата на институцијата „Океанографија“.
„Зедовме примероци и го замрзнавме примерокот, чекаме понатамошни истражувања. Како и со претходните риби, овој примерок и примероците ќе можат да ни кажат многу за биологијата, анатомијата, геномијата и историјата на животот на овој вид “, додаваат од институтот.
А зошто е вторпат ваква ретка риба да заврши на плажа во тој крај?
„Тоа може да има врска со промените во условите на океаните и зголемениот број на овој вид риба во близина на нашиот брег. Понекогаш може да се поврзе со пошироки климатски промени како циклусите Ел Нињо и Ла Ниња, но тоа не е секогаш случај. Многу нешта може да доведат до нејзино заглавување“, велат тие.
За овој вид на риба се веруваше дека изумрела пред околу 66 милиони години, заедно со диносаурусите. Сепак, во 1938 година, на брегот на Јужна Африка беше откриен жив примерок, што предизвика големо изненадување во научната заедница. Оваа риба е таканаречен „жив фосил“ бидејќи нејзиниот вид не е значително променет со милиони години.
Се карактеризира со перја кои наликуваат на екстремитети на копнени животни, што го прави особено интересен за научниците во проучувањето на еволуцијата. Се поврзува со древна (и неточна) јапонска легенда дека „предвидува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.
Имено, според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината пред земјотрес“, па така веста дека рибата е забележана во плитки води го загрижи локалното население.
Стравувањата беа дополнително зголемени поради фактот што ваквите риби почнаа да се појавуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунами во Фукушима, кои се случија во 2011 година.
Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот се уште е присутен.