Владо Георгиев ограбен во „Дајмонд“, во Скопје

од Milan1
223 прегледи

Српскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој напиша дека му ги украле дури и подароците за децата.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на Икс.

Слични содржини