4
Компанијата DS го најави доаѓањето на новo електрично SUV-купе, коe ќе нуди автономија од 750 километри по циклус WLTP.
Од компанијата велат дека новиот модел ќе понуди комбинација од „динамиката на теренците, закосеното ветробранско стакло и пониската хауба што може да се види на купеата“.
Коефициентот на отпор на новиот модел е 0,24, а од DS велат дека секој дел од телото е тестиран во тунел за ветер.
Предниот браник содржи активни доводи за воздух, има вертикални дневни светла, додека задниот дел има LED задни светла. Исто така, бандажите изгледаат доста интересно.
Поради камуфлажата не се гледаат јасно линиите на автомобилот. Сепак, тоа ќе се промени, а наскоро ќе добиеме и повеќе информации за целосно електричниот модел DS.