ФОТО: Полицијата го уапси 64-годишниот Алија Балијагиќ кој ги уби неговите брат и сестра

од Milan1
101 прегледи

Алија Балијагиќ (64) е уапсен рано утринава во 03.05 часот во селото Голеша, кај Прибој (Србија).

Пред неколку дена беше забележано дека Алија Балијагиќ се движи на територијата на Прибој. Извадена е ДНК од куќа во која се сомневале дека живее во селата околу Голеш. Најпрво го забележале ловците. Потрагата била внимателно испланирана и бегалецот бил фатен на спиење, во најдобар можен момент бидејќи не можел да пружи никаков отпор. Бидејќи се работи за вооружено и опасно лице, изјави полициски извор за РИНА.

За време на неговото бегство, кое траеше над 20 дена, Балијагиќ поминал преку 100 километри. Се движел по теренот кој исклучително добро го познава, каде пред дваесет години со месеци се криел од полицијата.

При апсењето биле пронајдени и две ловечки пушки. Во неговите џебови и до него била пронајдена поголема количина муниција.

Алија Баљагиќ е осомничен дека извршил двојно убиство во селото Соколац кај Бијело Поље, поточни то ги убил неговиот брат и сестра.

Слични содржини