Директорот на ЈСП: Сите автобуси што се во возна состојба утре редовно ќе сообраќаат

од Milan1
61 прегледи

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје Драги Кушовски вечерва потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети.

„Сите автобуси што се во возна состојба утре редовно ќе сообраќаат“, изјави Кушовски за МИА.

Владата попладнево се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

„Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем. Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија“, изјави по вонредната седница портпаролката на Владата, Венера Љатифи Азизи.

Со ова, како што појасни таа, се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

Слични содржини